Унгарија е против билатерални услови за ЕУ
Местото на Македонија е одамна во ЕУ, изјави министерот за европски прашања Јанош Бока кој е посета на земјава. Укажа дека Унгарија сака билатералното прашање со Бугарија да се реши што е можно побрзо за да продолжи евроинтеграцијата. Од Министерството за европски прашања потврдија дека има тивка дипломатија со Софија за уставните промени, но и за гаранција дека ќе бидат последни услови врз основа на билатерални прашања.

Македонија одамна требаше да стане членка на ЕУ. Унгарија е против барања врз основа на билатерални прашања за евроинтеграцијата и ќе помогне во дијалогот меѓу Скопје и Софија за да Македонија почне отворање на поглавја до крајот на годинава, изјави министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.
И од Министерството за европски прашања потврдија дека се водат тивки преговори со Софија, за добивање гаранции дека уставните промени ќе бидат последни билатерални барања што не се поврзани со реформите.
И без отворање на поглавја, Македонија ги спроведува потребните реформи за приближување кон Европската унија.
Во ситуација на војна на европско тло и тензии на балканот, унгарскиот министер Бока се согласува со неговиот британски колега дека Европа ризикува нестабилност на западниот Балкан, ако не ги прими во членство земјите кандидатки.
Ирина Гелевска
