Македонија и Грција ја реставрираат црквата на Трескавец
Стручњаци од земјава и од Грција работат на спас, заштита и конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец која е светски загрозено културно наследство. За државата е капитален проект...

Заеднички тим стручњаци од Македонија и од Грција работи на реставрација и конзервација на монументалната црква „Успение на Пресвета Богородица“. Во завршна фаза е основниот проект за конзервација и реставрација на архитектурата и на живописот на црквата. Во наредниот период ќе се обезбедуваат сите дозволи за овој капитален проект.
И македонските и грчките стручњаци се убедени дека ова светско културно наследство ќе биде спасено од влагата и зачувано.
Ова е втора соработка меѓу грчките и македонските стручњаци за заштита на културното наследство.
За овој капитален проект Министерството за култура и туризам досега издвои околу 5 милиона денари. Пред десетина години за обновата на опожарените конаци на Трескавец, државата издвои преку 2 милиона евра.
Елизабета Митреска
