Денеска се враќа уште еден пациент, 55 пациенти се лекуваат во странство
Во странски болници во моментот се хоспитализирани 55 пациенти, информираа од Министерството за здравство. Нивната состојба, вклучително и на критичните пациенти е непроменета. Во болниците во земјава се лекуваат 10 пациенти....

Денеска се враќа уште еден пациент, повреден во пожарот во Кочани, а кој се лекуваше во Бугарија. Во странски болници во моментот се хоспитализирани 55 пациенти, информираа од Министерството за здравство. Нивната состојба, вклучително и на критичните пациенти е непроменета. Во болниците во земјава се лекуваат 10 пациенти.
Четворица се во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, по еден пациент е на Токсикологија, на Детска хирургија, на Пулмологија и во „8 Септември“, а двајца пациенти се во приватна болница.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, за обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
