АХВ

Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нуспроизводи по колење

10.04.2025 19:34

Агенцијата за храна и ветеринарство, утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчеравечер објавената информација на социјалната мрежа ФБ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчеравечер објавената информација на социјалната мрежа ФБ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река. Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нуспроизводи (член 18 од Законот за нуспроизводи од животинско потекло – Сл. весник на РСМ бр. 08-3248/1 од 14 јуни 2023 година).

За сторен прекршок – нештетно отстранување и употреба на Категорија 3 материјал – нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нуспроизводите од животинско потекло (член 11 и 14 од Законот), операторот е казнет со парична казна од 2 илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нуспроизводи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест).

Крвта како нуспроизвод од колењето животни (нуспроизвод од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место.