Се продлабочува трговската војна меѓу Кина и САД
Пекинг се спротивстави на Вашингтон и најавите на Трамп за зголемување на давачката за кинескиот увоз на 125 насто, велат-не сакаме да војуваме, но нема ниту да се повлечеме. Најавија нови одмазднички мерки.

Кина и САД ја продлабочуваат трговската војна. Пекинг се спротивстави на Вашингтон и најавите на Трамп за зголемување на давачката за кинескиот увоз на 125 насто, велат-не сакаме да војуваме, но нема ниту да се повлечеме. Најавија нови одмазднички мерки.
„Кинеската страна не сака да биде вклучена во трговска војна, но не се плашиме ниту од војна. Нема да седиме и да ги гледаме лишените легитимни права и интереси на кинескиот народ, или меѓународните економски и трговски правила, како и мултилатералниот трговски систем уништен“, изјави Лин Џијан, портпарол на Министерството за надворешни работи на Кина.
Трамп пак, задоволен, вели дека работите одат многу добро за неговата земја. Светот нуди понуди какви досега немало, додаде тој и нагласи дека сака договор со Кина
„Ќе видиме што ќе се случи со Кина. Би сакале да постигнеме договор. Тие навистина нè искористуваа долги години. Дејствуваме само за да ги вратиме работите во ред. Поставуваме нови правила на игра и сигурен сум дека на крајот ќе имаме добар однос“, Доналд Трамп, претседател на САД.
На прашањето за ЕУ, Трамп ја пофали Унијата дека е „многу цврста, но и многу паметна“, истакнувајќи дека решиле да „повлечат рачна“ со противмерките откако виделе како САД постапиле со Кина.
