Домашните компании отвараат нови работни места

09.08.2014 17:03

Статистиката покажува дека се зголемува бројот на вработувања во домашните компании. За експертите тоа е сигнал дека економија застанува на сигурни нозе...

Странските компании кои работат во Македонија го зголемуваат извозот, но кога станува збор за намалубање на невработеноста, според експертите, тука рамо до рамо се и домашните. Статистиката покажува дека  се зголемува бројот на вработувања во домашните компании. За експертите тоа е сигнал дека  економија застанува на сигурни нозе.

„Никако да не ги занемариме странските инвестиции, меѓутоа домашните се тие кои можат максимално да ја повлечат македонската економија во нови резултати, а со тоа и македонското стопанство да биде што поуспешно“, рече Трајче Трајков, претседател на Регионална стопанска комора.

Бројот на невработени во Велес оваа недела се намали за стотина, толку слободни места имаше на огласите објавени во Агенцијата за вработување. Една десетина од нив се вработија во Жито, компанија која денеска го прошири синџирот маркети.

„Секое отварање на нов маркет значи отварање на нови работни места  на што особено сме горди“, вели Стојанче Тодоров, Жито маркети.

Отварањето на нови маркети е најдобриот барометар за куповната моќ на граѓаните.

„Се надеваме на поприфатливи  цени соглано стандардот на луѓето во Велес.

„Поблиску  да се снабдиме со производи.

„Мислам дека многу ќе имаат работа“, велат велешани.

Според податоците на Агенцијата за вработување, по бројот на слободни работни места оваа недела  Велес се најде на десеттата позиција.

 

Дијана Иванова