Министрите на НАТО со поддршка за Украина
Министрите за одбрана од повеќе од 30 земји членки на „Коалицијата на подготвените“ се сретнаа во седиштето на НАТО во Брисел за поддршката на Украина...

Министрите за одбрана од повеќе од 30 земји членки на „Коалицијата на подготвените“ се сретнаа во седиштето на НАТО во Брисел за поддршката на Украина и плановите за евентуално распоредување мировници во земјата за да го контролираат секој иден мировен договор со Русија.
„Мораме да бидеме подготвени кога ќе дојде тој мир. 200 воени планери развиваат планови за продлабочување на европското учество во Украина“, изјави Џон Хили, британски министер за одбрана.
Истовремено, делегациите на Вашингтон и Москва средбата во Истанбул ја оценија како чекор кон нормализирање на односите. Зеленски пак, обвинува дека Русија ја користи дипломатијата само за лични интереси, а не и за крај на војната.
„Русија очигледно ја игнорира дипломатијата и ги користи своите контакти со светот исклучиво за да им служи на сопствените интереси – а не да ја прекине војната. Она што сега е потребно е тактика на притисок врз Русија за да стави крај на теророт и војната“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.
На фронтот, борбите продолжуваат.
