Свет

Блиски Исток: САД и Израел продолжуваат со напади

11.04.2025 11:45

Израел го стега обрачот околу Хамас во Газа, додека ООН јавуваат за нови пукања од јужниот дел на сината линија кон Либан. Предупредуваат дека кревкото примирје може да биде лесно нарушено од таквите акции.

Блискиот Исток и натаму се тресе. САД извршија нови напади врз позиции на Хутите во Јемен. Израел го стега обрачот околу Хамас во Газа, додека ООН јавуваат за нови пукања од јужниот дел на сината линија кон Либан. Предупредуваат дека кревкото примирје може да биде лесно нарушено од таквите акции.

„Мисијата го повторува својот повик до сите страни да избегнуваат еднострани дејствија што ја ставаат во опасност неодамнешната тешко стекната стабилност“, изјави Фархан Хак, заменик портпарол на Генералниот секретар на ООН.

Во истовреме, израелските власти ослободија десет Палестинци приведени во последната офанзива пред прекинот на огнот во јануари.