САД

Хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк

11.04.2025 08:29

Според снимките на очевидците леталото се распаднало во воздух пред да падне во водата.

Шестмина загинаа од кои три деца откако хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк. Според снимките на очевидците леталото се распаднало во воздух пред да падне во водата.

„Имаше експлозија на пропелерот, блесна светлина. Не бевме сигурни дали тоа е молња или пропелерот експлодираше, а потоа видовме дека авионот само спирално се врти надолу, одеше од лево – десно и сфативме дека паѓа“, изјави Бел Енџел, сведок на несреќата.

Полицијата соопшти дека загинатите се членови на едно семејство туристи од Шпанија. Во моментот на несреќата небото било облачно, а видливоста над реката значително нарушена. Истрагата е во тек и треба да ги утврди причините за трагедијата.