Делфи

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за стабилноста на европскиот континент

11.04.2025 08:51

Во Европската унија постои јаз меѓу ветувањата и исполнувањата, истакна министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски за време на неговото учество на Делфи економскиот самит во Грција...

Проширувањето на Европската унија со Западен Балкан не е неопходност за Унијата само од економски и трговски причини, туку е неопходност за политичката и безбедносната стабилност на европскиот континент, порача министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски за време на неговото учество на Делфи економскиот самит во Грција.

Истакна дека во Европската унија постои јаз меѓу ветувањата и исполнувањата. Муцунски говореше за еу перспективата на земјава, за односите со САД и за трансатлантската соработка.

На маргините на самитот Муцунски оствари средба со грчкиот колега Јоргос Герапетритис.

 

Фото: ФБ профил