МВР

Приведен струмичанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

11.04.2025 10:33

Вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица...

Вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица, информираат од МВР.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението..