мвр
Приведен крадец од дојранско, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците
11.04.2025 19:57
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случајот против Г.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава...

На 10.04.2025 во 15.45 часот во село Црничани, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(21) од село Црничани. Тој се сомничи дека од почетокот на април 2025 година извршил две кражби во објект во изградба и во дворно место од куќа во Дојран. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предметите кои ги одзел и тие ќе бидат вратени на сопствениците.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случајот против Г.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
