РКЕ

Ново намалување на горивата од полноќ

11.04.2025 12:18

Дизел горивата и бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Дизел горивата и бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според новата одлука на регулаторите малопродажната цена на бензинот од типот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 71,50 денари по литар. Литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 74,00 денари, додека дизелот и маслото за горење (ЕЛ-1) ќе имаат иста цена 64,50 денари.

Мазутот од полноќ ќе се продава по цена од 37,708 денари по килограм.

Новите цени на горивата во однос на вчерашната одлука на РКЕ се намалени во просек за 2,40 проценти.