АХВ
АХВ: Казнета струмичка кланица, неправилно отстранувала нуспроизводи од животни
11.04.2025 12:44
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во текот на вчерашниот ден спровеле вонреден инспекциски надзор по објавената информација на Фејсбук дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во текот на вчерашниот ден спровеле вонреден инспекциски надзор по објавената информација на Фејсбук дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река.
Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нуспроизводи.
Операторот е казнет со парична казна од 2.000 евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност.
