Трипуновски: Земјоделците од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат
Министерот Трипуновски ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени коишто се направени на терен...

„Денеска сум на работна посета во Ресен, утрово имав состанок со градоначалникот и со советниците. На состанокот разговаравме за ситуацијата којашто го погоди овој регион, односно за ниските температури коишто беа изминативе денови“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Сакам да информирам дека веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира комисија за процена на штета и од понеделник ќе се објави Јавниот повик на којшто сите земјоделци треба да пријават ако имаат настанати штети од ниските температури во изминативе денови“, појасни министерот.
Министерот Трипуновски ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени коишто се направени на терен.
„Ние како Министерство, како Влада ќе излеземе во пресрет и ќе ги обесштетиме сите земјоделци коишто претрпеа штета од овие ниски температури“, нагласи министерот.
