евроинтеграции
Средба Муртезани-Бока
11.04.2025 13:16
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на својот унгарски колега, министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој престојува во работна посета на земјава...

Евроинтеграциите во фокус на владините политики. Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на средба со македонскиот колега Орхан Муртезани. Муртезани и Бока потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерствата за европски прашања на Северна Македонија и Унгарија, кој поставува основа за долгорочна институционална соработка, размена на искуства, административна поддршка и координација во насока на усогласување со европското законодавство и ефективно користење на европските фондови.
Известува Ирина Гелевска.
