Чии се авторските права за селфито на мајмунот Макаки?
Фотографот Дејвид Слејтер тврди дека тој треба да ги има сите права врз ова популарно селфи и покрај тоа што фотографијата настанала во моментот откако мајмунот го грабнал и сам го шкрапнал фотоапаратот...

Несекојдневно селфи направено во индонезиската прашума отвори широка дебата во британската јавност. Чие е авторското право на фотографијата со мајмунот Макаки кое стана исклучително популарно на интернет.
Фотографот Дејвид Слејтер тврди дека тој треба да ги има сите права врз ова популарно селфи и покрај тоа што фотографијата настанала во моментот откако мајмунот го грабнал и сам го шкрапнал фотоапаратот.
Обвинува дека кога ги понудил никој не контактирал со него и никој не бил заинтересиран за купување на неговите фотографии.
„Веќе разговарав со Википедија. Ни еднаш не контактираа со мене за да ги дознаат фактите. Се потпираат на надувани статии во весници, изјави што друг ги кажал во мое име. Тоа се нивните докази. Така ли оперира Википедија надругите нејзини страници? Ќе веруваме ли во се што ќе кажат? За мене тие веќе не се посредници на вистината“, смета фотографот Слејтер.
Од фондацијата Викимедија, сметаат дека селфито му припаѓа на мајмунот Макаки и тој ги заслужува авторските права за ова ремек дело.
„Законот е јасен – само луѓе може да имаат авторски права, не и животните. Иако Слејтер бил во Индонезија со фотоапаратот, сликал мајмунот и затоа ова е прашање на јавниот домен“, смета Кетрин Махер, портпарол на Фондација Викимедија.
Фондацијата Викимедија првиот извештај за транспарентност го направи минатата недела. Во него откри вкупно 304 барања за отстранување на содржината од јавен домен од 2012-та година.
Во извештајот е вклучено и мајмунското селфи. Сепак, Викимедија не одговори позитивно на ниту едно барање.
Маја Стојановска
