Состанок на лидерите на четирите партии на „Вреди“
Лидерите на четирите партии, кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ на состанок ќе разговараат за натамошното дејствување. Работни групи подготвуваат план за формирањето една партија.. Продолжува недоумицата на Таравари со неговото крило на „Алијанса за Албанците“, дали ќе остане во коалицијата...

Лидерите на четирите партии, кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ на состанок ќе разговараат за натамошното дејствување. Работни групи подготвуваат план за формирањето една партија, но и го договараат настапот на локалните избори во октомври.
Во меѓувреме продолжува недоумицата на Таравари со неговото крило на „Алијанса за Албанците“, дали ќе остане во коалицијата. Вели дека по средба со останатите лидери на „Вреди“, работите ќе бидат појасни.
Еден од лидерите во „Вреди“, Билал Касами оптимист. Верува дека скоро ќе бидат разрешени дилемите во коалицијата, како за настапот на локалните избори така и со коалицирањето на Таравари.
Претходно, Изет Меџити побара од Таравари да избере страна, тврдеше дека не може да е дел од „Вреди“ и истовремено да преговара со ДУИ.
Таравари, пак, понудата од неговите партнери за 35 проценти учество на локалните избори го гледа како ултиматум, а не како понудена варијанта.
Миле А. Ристески
