Истражување

Штетните наративи во секојдневието

11.04.2025 17:04

Секоја четврта објава на политичар има штетни наративи-во трката за поголем рејтинг, партиите се помалку внимаваат како се обраќаат до граѓаните. Најзастапени кај опозицијата...

Пцости, навреди, црна кампања. Политичарите со штетни наративи најчесто се служат во предизборието, а најмногу ги користат опозициските партии, покажа истражувањето на Институтот за комуникациски студии. Целта е граѓаните да гласаат водени од емоции и гнев, а партиите да добијат политички поени. Истражувањето открива дека и секоја 4-та објава на еден политичар има штетни наративи.

Иако во собраниските клупи се најголеми опоненти, овој пат пратениците од власта и опозицијата се согласни дека пречесто се користат со штетен говор и дека свесно посегнуваат по овие алатки.

Покрај политичарите штетните наративи, забележани и кај медиумите и социјалните мрежи. Според анализите секој 5-ти текст на телевизиите, онлајн медиумите, содржел штетни наративи.

Истражување на Институтот за комуникациски студии се спроведува од септември 2023-та година.

 

Викторија Милевска