Денес се планира враќање на седум пациенти кои се лекуваат во странство
Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун...

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медицински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.
Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
