Муртезани- Бока

Унгарија одново нуди помош за преговорите меѓу Македонија и Бугарија

11.04.2025 16:47

Унгарија одново го стави на маса предлогот да се вклучи во преговарачкиот процес меѓу Македонија и Бугарија. Пораката ја пренесе министерот за европски прашања Јанош Бока, кој оствари средба со македонскиот колега, Орхан Муртезани...

Македонија одамна требаше да биде членка на ЕУ. Сè уште на маса е понудата Унгарија да посредува со Бугарија за отстранување на пречката поради билатерални прашања за да се забрза евроинтеграцијата, посочи министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока во Скопје.

Унгарија принципиелно континуирано поддржува проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, а со потпишаниот Меморандум за соработка, на Македонија ќе и бидат на располагање искуства при преговорите со ЕУ, изјави министерот за европски прашања Муртезани.

Унгарија оценува дека нема алтернатива на проширувањето, а за да биде успешно тоа, мора да има промени во методологиите и одредени темелни постулати на ЕУ. Земјите-кандидатки од Западниот Балкан треба да бидат најважните корисници на ентузијазмот за проширувањето на ЕУ.

Ирина Гелевска