Економија

Кроењето на минимална плата треба да се одвива внимателно, велат експертите

11.04.2025 16:18

Разногласие во ставовите на синдикатите за зголемување на минималната плата, условување од работодавците, 500 евра но со замрзнати придонеси. Владата вели чека договор, па ќе анализира. Економистите порачуваат зголемувањето на платите ќе ја разгори инфлацијата...

Синдикатите сè уште со спротивставени ставови за зголемувањето на минималецот, работодавците со условување 500 евра, но со замрзнати придонеси. Топката е кај Владата, од таму се децидни, прво договор меѓу нив, па анализа. За ублажување на ценовниот шок, заштита на куповната моќ и задржување на работоспособното население, ССМ велат не отстапуваат од барањето 500 евра минимална плата и линеарно зголемување на другите.

Со оглед на тоа што имаме најниска продуктивност во регионот, зголемувањето на платите би ја разгорело инфлацијата- велат економистите. Минималната плата е 60 отсто од просечната.

Платите да ги следат трошоците за живот, порачуваат граѓаните.

Според податоците за Државниот завод за статистика за 1,3 отсто е намалена инфлацијата во март, споредено со февруари.

Од овој месец за 10 отсто се повисоки платите на вработените во МВР, за 7 отсто за вработените во образованието и 5 отсто за вработените во здравството.

 

Александра Велинова