Привремено клуч на врата за 28 објекти
28 угостителски објекти привремено затворени. Дел работеле без лиценца, а дел немале ниту минимално технички услови. Продолжуваат инспекциските контроли по трагедијата во Кочани.

Привремено клуч на врата за дури 28 угостителски објекти кои работеле контра законот. Според најновиот извештај од Државниот пазарен инспекторат, утврдени се неправилности кај 17 лиценцирани субјекти.
Станува збор за периодот од 17-ти март до 10-ти април, каде се извршени 297 надзори во однос на исполнувањето на техничките услови согласно Законот за угостителска дејност, велат од Владата.
Како резултат на контролите, издадени се 360 прекршочни платни налози, во вредност од над 55.000 евра.
Паралелно, еден куп недостатоци покажале и вонредните инспекциски контроли врз станбените објекти, особено во постарите згради, велат од ЗЕЛС.
Од Владата додаваат дека следната недела ќе биде доставен детален извештај од сите девет одделенија на ДПИ.
Борис Грујоски
