На денешното рочиште, сведоштво на таткото на Вања
На продолжението на рочиштето за убиството на Вања и Панче Жежовски, Александар Ѓорчевски смета дека полицијата не се ангажирала многу во потрагата по неговата ќерка. Градеа случај кон мене, сè што правеа инспекторите беше тоа, не ја бараа Вања, рече Александар Ѓорчевски одговарајќи на прашањата на обвинителството...

На продолжението на рочиштето за убиството на Вања и Панче Жежовски, Александар Ѓорчевски смета дека полицијата не се ангажирала многу во потрагата по неговата ќерка. Градеа случај кон мене, сè што правеа инспекторите беше тоа, не ја бараа Вања, рече Александар Ѓорчевски одговарајќи на прашањата на обвинителството.
Прашан дали немал ниту желба, ниту волја становите да бидат запишани на име на неговите деца, Ѓорчевски рече дека вложил голем напор да ги обезбеди сите документи и да го солемнизира договорот. На прашањето на Палевски, дали Ѓорчевски знае дека тој имал комуникација со кој било член од неговото семејство, Ѓорчевски рече дека прв пат го видел Палевски во судница.
Според адвокатот на Ѓорчевски, неговиот клиент обвинителството нема ниту аргументи, ниту материјални докази да го обвинува за соучесништво во двојното убиство.
Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, продолжува во понеделник со исказ на првообвинетиот Љупчо Палевски.
Игор Панов
