Здравство

Расте бројот на заболени од рак на бели дробови, загадувањето ги става сите во опасност

11.04.2025 15:54

Годишно околу илјада лица се регистрирани со канцер на бели дробови. Докторите велат дека ова е последица на начинот на живот, како и загадувањето во земјава. Решението го гледаат кај политичарите …

Расте бројот на карцином на белите дробови. Околу 1.000 новорегистрирани има годишно. Професорот Ратко Ѓукановиќ, кој доаѓа од Медицинскиот факултет во Велика Британија, вели кога тој студирал пред неколку децении, пациентите со канцер на бели дробови секогаш биле консументи на цигари. Сега загадувањето ги става сите во опасност.

Лекарите велат, тие ги лекуваат болестите, многу малку можат да направат на превенција, политиките на државата треба да бидат насочени кон граѓаните.

Освен канцерот на белите дробови, туберкулозата го вклучи алармот во Европа.

Според лекарите, во пораст се и хроничната белодробна болест, како и астмата и алергиите.

Наташа Јанчиќ-Менковски