Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор
Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката.

Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување - притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.
Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката.
Во исто време, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука, соопштуваат од Обвинителството.
