Се намалуваат површините планирани за ориз
Заради недоволно вода во акумулацијата „Калиманци“ ќе се намалат површините планирани за сеидба на оризот. Сеидбата на крупните сорти стартува по Велигден, а на ситните на почетокот на мај. голем дел од минатогодишниот род сè уште е неоткупен, а доцни и откупот за стоковите резерви...

Со полни амбари ориз од минатогодишната жетва, оризопроизводителите се подготвуваат за сеидба. Околу десет илјади тони арпа е неоткупена. Состојбата малку ќе ја ублажи откупот на 2.400 тони за стоковите резерви.
Сеидбениот план годинава беше проектиран на 4.300 хектари, но недоволната исполнетост на акумулацијата „Калиманци“, налага ревизија на планот и намалување на површините за околу 1.500 хектари.
Површини во атарот на село Мојанци се наводнуваат со вода од Брегалница и Оризарска река и не треба да се исклучат од водоснабдителниот систем, велат земјоделците.
Според планот на хидросистемот „Брегалница“ наводнувањето на кочанско поле ќе стартува на 21 април.
Славица Величковска
