Србија

Во Белград народен собир на платото пред Народното собрание

12.04.2025 10:20

Српскиот претседател Вучиќ изјави дека граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат преку гласачки ливчиња и да дадат предлог за името на движењето за народот и државата, кое до 28 јуни ќе го добие името...

Викендов во Белград, на платото пред Народното собрание се одржува народен собир, наречен Празник на народот, државата и заедницата. Српскиот претседател Вучиќ изјави дека граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат преку гласачки ливчиња и да дадат предлог за името на движењето за народот и државата, кое до 28 јуни ќе го добие името.

Вишиот суд во Нови Сад го врати обвинението, покренато против 13 лица за падот на настрешницата на железничката станица, лани на 1 ноември. Му наложи на Вишото јавно обвинителство да донесе наредба за дополнување на истрагата.