Средба Путин-Виткоф
Конкретни детали од средбата нема. Портпаролот на Кремљ Песков не ја исклучува можноста за нов телефонски разговор меѓу Путин и Трамп...

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Санкт Петербург на разговори со рускиот претседател Путин, меѓу другото и за руската инвазија на Украина. Конкретни детали од средбата нема. Портпаролот на Кремљ Песков не ја исклучува можноста за нов телефонски разговор меѓу Путин и Трамп. Состанокот, според него, бил добра можност да се претстават различните елементи на позицијата и загриженоста на Русија и преку Виткоф да му се пренесат на Трамп.
Американскиот претседател по доаѓањето на Виткоф, изврши дополнителен притисок врз Москва. На социјалните мрежи напиша дека Русија мора да дејствува. Премногу луѓе умираат, илјадници секоја недела, во страшна и бесмислена војна.
