Битола

Дефицит на лични асистенти

13.04.2025 13:52

250 баратели на лични асистенти, 10 кандидати за да ја вршат услугата. Во Битола има сериозен недостиг од лица кои можат да помагаат. Асистентите велат дека проблем е тоа што треба да работат само четири часа, кога би имале можност но со задоволство би работеле во полно работно време …

Да се биде личен асистент на Весна Софрониевска, слепо лице, за мене е привилегија. Од неа научив многу животни лекции“ вели Елизабета од Битола. Но, она што недостига е полно работно време и осигурување, вели таа.

Одење од точка А до точка Б, користење на банкомат, посета на болница и други институции, социјален живот. Ова не го можеме без личен асистент, објаснува Софрониевска. А, поради трајно вработување ми откажаа многумина, додава.

Засега, мал број слепи лица од Битола ја користат услугата за лична асистенција.

Општинската организација на Црвен крст Битола е единствен провајдер на обуки во градов, а конкурсот е отворен до средината на април.

Ружица Ѓоршевска