Нема големи штети на расадот на тутунот
Тутунарите ја почнаа новата производствена реколта тутун. Навреме повеќето ги заштитија леите со расад. Интересот е зголемен, македонскиот тутун се бара на светскиот пазар...

Мали и незначителни се штетите на леите со тутунов расад. Тутунарите навреме ги заштитија од ниските температури, констатираат од сојузот на земјоделските здруженија. Почна новата производствена година.
За околу 8 проценти е зголемен интересот за тутунопроизводство. Тутунарите ги склучија договорите со откупувачите кои понудија зголемени цени, но секој различни. Зголемени се и бројот на договори и површини. Ги очекуваат и субвенциите за ланската реколта.
Тутунопроизводството е со иднина. Оваа култура носи девизен прилив и има недостиг на светскиот пазар.
Елизабета Митреска
