Разговори меѓу Вашингтон и Техеран
Претставници на Вашингтон и Техеран се среќаваат за првпат откако претседателот Трамп го почна својот втор мандат...

Постои шанса да се постигне првичен договор меѓи Иран и САД во разговорите што се одржуваат меѓу двете страни во Оман, вели иранскиот шеф на дипломатијата. Претставници на Вашингтон и Техеран се среќаваат за првпат откако претседателот Трамп го почна својот втор мандат.
Иран сака разговорите да се фокусираат на нуклеарната програма, САД од друга страна побараа не само намалување на нуклеарните и балистичките капацитети, туку и отстапување од регионалната политика на Иран.
Според аналитичари, напредок во односите меѓу Вашингтон и Техеран би можеле да помогнат во намалувањето на тензиите во регионот кој се справува со војните во Газа и Либан, напади од Хутите во Црвен Море и новата влада во Сирија.
