кочани

Втор протестен марш на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“

12.04.2025 14:31

Симболично, учесниците на маршот тргнаа од Паркот на револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија...

Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Симболично, учесниците на маршот тргнаа од Паркот на револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

Со едноминутен молк пред полициската станица, граѓаните го искажаа незадоволството од ненавременото постапување за да се спречи катастрофата, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка.