Во функција преминот Долно Блаце – Елез Хан
Само една заедничка контрола на границата со Косово. Властите велат дека прават мост за спојување на двата народа. Премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговиот косовски колега Албин Курти присуствуваа на отпочнувањето со работа на заедничкиот граничен премин, Долно Блаце – Елез Хан, како дел од проектот „One Stop Shop..

Од денес на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан контролата само во земјата во која се влегува. Очигледна е побрзата фреквенција на возилата на границата со Косово.
Отвораме нова перспектива за граѓаните, државата и регионот истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводеше владината делегација. Посочи дека заедничкиот граничен премин не само што ќе овозможи брз и ефикасен премин на патници и материјални добра, тој претставува мост на градење доверба, добрососедски односи, овозможува економски раст, развој на туризмот.
Албанскиот премиер Албин Курти истакна дека брзото завршување на проектот е доказ дека ангажираноста и посветеноста даваат резултати од кои бенефит имаат двете држави. Додаде дека заедничкиот граничен премин ќе придонесе до забрзана мобилност и поголема трговска размена.
Заедничкиот граничен премин придонесува и до поефикасна работа на службите. Со вмрежување на системите до зајакната безбедност на двете држави-оценуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и Косово. Вицепремиерот Меџити со порака – добрососедските односи се клуч на мирот и заедничката иднина.
На заедничкиот премин оперативни се вкупно шест пункта за гранична контрола.
На овој граничен премин годишно поминуваа над 4 милиони патници од двете страни на границата.
Марина Стојанова Тонева
