Србија

На народниот собир во Белград, Вучиќ им се обрати на граѓаните

13.04.2025 09:31

Порача дека Србија не се откажала од својата политика без оглед на сите притисоци во претходните 13 години. Вучиќ наведе пет барања...

Српскиот претседателот Александар Вучиќ синоќа во Белград им се обрати на граѓаните, на народниот собир „Србија не ја даваме“. Порача дека Србија не се откажала од својата политика без оглед на сите притисоци во претходните 13 години. Вучиќ наведе пет барања.

Пред почетокот на собирот им се заблагодари на граѓаните од цела Србија кои дојдоа во метрополата.