Хамас нуди ослободување на израелски заложници во замена за прекин на војната во Газа
Смета дека тие се жртви на амбицијата на израелскиот премиер Нетанјаху да остане на власт и на тој начин да избегне кривично гонење...

Хамас повторно понуди ослободување на израелските заложници во замена за прекин на војната во Газа. Смета дека тие се жртви на амбицијата на израелскиот премиер Нетанјаху да остане на власт и на тој начин да избегне кривично гонење.
Секој ден одложување значи повеќе убиства на беспомошни цивили меѓу нашиот народ и непозната судбина на окупаторските затвореници, заклучува Хамас во соопштението. Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по речиси двомесечен прекин на огнот.
Израелските власти велат дека воената кампања ќе продолжи сè додека не се ослободат 59-те заложници и додека Газа не се демилитаризира.
