Пазар на труд

Саем за вработување на млади во Струмица

13.04.2025 16:47

Во Струмица и регионот има околу 1.050 млади невработени лица кои чекаат работа. За нив пресудна е платата, за компаниите вештините и квалификациите. Како да се пристапи на пазарот на труд и дали е доволно само формалното образование? …

Пазарот на труд е турбулентен и постојано бара нови вештини и квалификации кај младите. Затоа е потребна платформа и вмрежување на реалниот сектор и младите невработени. Вака велат од Центарот за истражување и анализи Новус кој организираше саем за вработување во Струмица за млади до 29 години.

Реалниот сектор има потреба од млада работна сила. Од таа причина нудат практични обуки и тренинзи за работните позиции како и можност за кариерен развој.

Младите не сакаа пред камера да зборуваат, но платата па потоа условите за работа се клучни фактори каде и на кои позиции би засновале работен однос.

Во Агенцијата за вработување во Струмица заклучно со февруари се водат 4.573 лица кои бараат работа од кои 1.044 се лица до 29 години претежно со незавршено или средно образование.

 

Ване Трајков