Прилеп

Се зацврстува иконостасот во „Свето Благовештение“

13.04.2025 17:29

Почнува главната фаза на зајакнување на конструкцијата на монументалниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Се смета за капитален проект. Ремек дело од сакралните објекти во земјава и е меѓу трите најимпозантни во државава...

Конечно ќе се зацврсти носечката конструкција на монументалниот иконостас во прилепската црква „свето Благовештение“. Стручњаците на прилепскиот Завод и музеј ја прават неопходната стабилизација, а резбата ќе добие реконструкција и конзервација за да се зачува овој сакрален споменик на културата. Се смета за капитален проект кој годинава доби преку 2 милиона денари.

Проектот е во фази веќе петта година. Отстранета е опасноста од црвојаднина. Ќе се зајакнува со дополнителни столбови.

За крај ќе остане конзервацијата на иконите на иконостасот. Со димензии од 16 на 7 метри, тој е ремек-дело на тајфата на Петре Гарката.

 

Елизабета Митреска