Кочани

На седница на советот на општина Кочани ќе се избира ве-де градоначалник на општината

14.04.2025 08:31

Кочани речиси еден месец е без градски татко откако Папазов првично поднесе оставка, а потоа се најде и меѓу приведените за ужасната несреќа во дискотеката „Пулс“...

На седница на советот на општина Кочани ќе се избира ве-де градоначалник на општината. Кочани речиси еден месец е без градски татко откако Папазов првично поднесе оставка, а потоа се најде и меѓу приведените за ужасната несреќа во дискотеката „Пулс“. Претседателот на Советот вели дека кворумот за седницата е обезбеден. Иако на координација била постигната согласност и од опозицискиот сдсм да даде поддршка на кандидатот што ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи, проблем е што засега ниту еден од советниците на оваа партија не се пријавил за функцијата.

Владата на први април го задолжи општинскиот совет во рок од 30 дена да направи избор на ве-де градоначалник на Кочани, кој на оваа функција треба да остане до редовни избори на есен.