Трговија

Наваро проектира доверба и смиреност по турбуленциите на берзите предизвикани од царините

14.04.2025 09:33

Наваро убедува дека преговорите со државите се почнати уште пред да биде објавена одлуката за пауза од 90 дена. Белата Куќа очекува тарифите да дадат пошироки билатерални трговски договори за решавање на сите прашања...

Советникот на Трамп за трговија проектира доверба и смиреност по турбуленциите на берзите предизвикани од царините. Наваро убедува дека преговорите со државите се почнати уште пред да биде објавена одлуката за пауза од 90 дена. Белата Куќа очекува тарифите да дадат пошироки билатерални трговски договори за решавање на сите прашања.

„Почнавме да го правиме тоа многу пред да ја објавиме паузата на реципрочните тарифи. Значи, ја имаме Велика Британија, ЕУ, Индија, ја имаме Јапонија, Индонезија, го имаме Израел. И тие само се редат пред вратата на Џејмсон Грир, трговскиот претставник Хауард Лутник е дел од тоа. Единственото нешто што можам да кажам за Северна Кореја е дека е тивка, ракетниот човек повторно е тивок“, изјави Питер Наваро, советник во Белата куќа за трговија.

Американскиот секретар за трговија Хауард Лутник вели дека неодамнешните тарифни ослободувања за некои електронски и фармацевтски производи ќе бидат привремени. Тие нема да подлежат на сегашните тарифи од 145% наметнати за Кина или на основните тарифи од 10% за другите земји.