Неформален состанок на министрите за надворешни на ЕУ и Западен Балкан во Луксембург
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во Луксембург учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија. Во фокусот продлабочување на соработката меѓу Унијата и Западен Балкан. Муцунски на средба и со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Продлабочување на соработката меѓу Европската унија и Западниот Балкан на полето на европската безбедност во фокусот на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите членки и земјите од Западен Балкан во Луксембург.
Шефот на дипломатијата Муцунски ја истакнал целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика, како потврда за стратешката ориентација кон полноправно членство во Унијата.
Во контекст на војната на европско тло, потребно е забрзување на проширувањето за да се отстрани заканата од Русија, оценуваат дел од европските лидери.
„Се зголемуваат тензиите на западниот Балкан и мораме да го придвижиме напред процесот на интеграција на земјите кандидатки. Ова е можно и навистина ни се потребни успешни приказни“, Каја Калас, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Поради неможноста Македонија да почне со отворањето на поглавјата поради билатерални услови, се повеќе земји-членки сметаат дека е време за промена на носењето одлуки, наместо едногласно, со мнозинство гласови.
„Се согласивме дека е од геостратешка важност да им помагаме на државите за евроинтеграција до 2030-та година. Предупредив дека Словенија застапува забрзување на проширувањето со усвојување модел на одлуки со двотретинско мнозинство од земјите членки, со што ќе се избегнат блокади поради отворени билатерални прашања“, вели Тања Фајон-МНР на Словенија.
На состанокот во Луксембург, консензус дека треба поголемо вложување во европската одбрана.
Ирина Гелевска
