Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати
Според информацијата од владината прес-служба, премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација ќе се сретнат со претседателот на ОАЕ, истовремено и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чиј повик и се реализира оваа посета на ОАЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од делегација која ги вклучува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.
Според информацијата од владината прес-служба, премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација ќе се сретнат со претседателот на ОАЕ, истовремено и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чиј повик и се реализира оваа посета на ОАЕ.
Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе имаат средба и со Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ.
Во текот на посетата, предвидени се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.
