Тенис

Цонга и Федерер за Роџерс купот

10.08.2014 10:33

Жо Вилфред Цонга и Роџер Федерер ќе играат во финалето на 6-от мастерс тениски турнир сезонава. Двајцата без поголеми проблеми во 2 сета ги решија полуфиналните пресметки, Цонга против Димитров, а Федерер со Лопез.

Шампионот од 2004-та и 2006-та ќе се обиде да стигне до третиот трофеј во Торонто во своето 37-мо финале на турнирите од мастерс 1000 серијата, додека Цонга е во своето трето финале на илјадарките, прво во Канада. Во 16-от меѓусебен дуел предноста е на страната на Федерер кој води со 11-4 во победи, а годинава славеше во двата дуела што ги одиграа на австралија опен и на мастерсот во Монако.

Финалето почнува во 21 часот, а МРТ ќе го пренесува на собранискиот сервис.