Обвинителство

Суспендираните обвинители Хајрулахи и Цветановски пред дисциплинска комисија

14.04.2025 11:38

Дисциплинската постапка против двајцата обвинители ја иницираше државниот обвинител Коцевски затоа што по извршениот увид во предметите е нотирано дека во четири случаи Цветановски се откажал од жалба или обвинение, а во три од овие случаи добил амин од неговиот шеф Хајрулахи. Дисциплинската постапка против вишиот обвинител Хајрулахи се однесува на неправилности при заведувањето на предметите.

Двајцата виши скопски обвинители, Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски денеска треба да дадат исказ пред дисциплинската комисија, а во врска со наводите дека сторите тешки дисциплински повреди. Седницата не е јавна, а според информациите на МТВ рочиштето е почнато во 10 часот.

Дисциплинската постапка против двајцата обвинители ја иницираше државниот обвинител Коцевски затоа што по извршениот увид во предметите е нотирано дека во четири случаи Цветановски се откажал од жалба или обвинение, а во три од овие случаи добил амин од неговиот шеф Хајрулахи. Дисциплинската постапка против вишиот обвинител Хајрулахи се однесува на неправилности при заведувањето на предметите. Во моментов и двајцата обвинители се суспендирани, односно се оддалечени од работното место, а така ќе биде додека дисциплинската комисија не донесе заклучок во врска со нивниот случај.

Според информации на МТВ, претседателка на дисциплинската комисија е вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази, а нејзиното име беше доста споменувано во јавноста минатата недела по изрекувањето на пресудата за сообраќајната несреќа во Тетово, каде обвинетиот Менсур Пајазити доби две години затвор. Нејзиното постапување во случајот ќе го разгледува и државниот јавен обвинител Коцевски кој ги побарал списите од предметот за да провери дали неговата колешка Елмази го почитувала законот. За потсетување, таа на седница на Апелацискиот суд во Гостивар се согласила на обвинетиот да му се намали казната, но како што рекоа од Обвинителството, не очекувале дека Апелацискиот суд ќе му ја преполови.