МВР

За викендот 2.324 сообраќајни прекршоци, дури 1.132 санкции за брзо возење

14.04.2025 20:16

Во изминатиот викенд продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2.324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата...

Во изминатиот викенд продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2.324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат од МВР.

Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1.132 возачи не ја почитувале пропишаната брзина на движење, додека пак за неправилно паркирање евидентирани беа 271 прекршок, како и 191 прекршок заради управување на возило без возачка дозвола.

Покрај ова евидентирани се и 92 учесници во сообраќајот коишто не користеле сигурносен појас, заедно со 105 возачи на мотоцикл коишто не носеле заштитна кацига, а 45 санкции се изречени за користење на мобилен телефон при возење. Исто така, 78 возачи се отстранети од сообраќај за возење под дејство на алкохол, а 16 минале на црвено семафор.

Во врска со прекршоците од Законот за возила од сообраќај се отстранети вкупно 64 возила од кои заради техничка неисправност осум а заради неважечка сообраќајна дозвола 56 возила, стои во соопштението.