Кандидатите за членови на Програмски совет на МРТ пред Комисијата за избори и именувања
Комисијата во четвртокот ја заврши проверката на кандидатурите. Од пријавените 37 кандидати, поминаа 24. На 13, кандидатурите им беа одбиени поради некомплетна документација...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата одржува јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.
Комисијата во четвртокот ја заврши проверката на кандидатурите. Од пријавените 37 кандидати, поминаа 24. На 13, кандидатурите им беа одбиени поради некомплетна документација.
Меѓу кандидатите кои се најдоа на утврдената листа доминираат дипломирани новинари, политиколози, дипломирани правници, но има и актери, музиколози, продуценти и еден електроинженер и доктор по економски науки.
