Се подобрува состојбата на повредените, двајца остануваат критични
Девет од повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Скопје, 48 во странските медицински центри, еден се враќа денеска во земјава. Уште двајца кои се хоспитализирани во странство се критични.

Пациенти коишто заминуваат дома по тешките битки со повредите, се успех и поттик за лекарите. Таква е приказната на 21-годишната пациентка којашто е вратена од странство и во моментот е на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
По несреќата во многу тешка состојба била примена во Ургентниот центар во Клинички центар, лекарите ја реанимирале, ја испратиле во странство, по пат и се влошила состојбата и пак била реанимирана.
Во моментов девет пациенти се лекуваат во земјава. 47 остануваат во медицинските центри. Сите се екстубирани и е почнат процесот на рехабилитација. Двајца се во критична состојба.
Министерот за здравство рече дека пациентот што е на лекување во Литванија ќе остане уште еден месец, тамошните лекари се понудиле и рехабилитацијата да ја завршат таму. Има и други држави коишто изразуваат интерес најтешките пациенти да ги рехабилитираат.
Наташа Јанчиќ-Менковски
