Продолжи судскиот процес за случајот со Веапоска, судот го одби барањето за ново супервештачење
Продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која во струшката болница при породување остана без три органи. Судот го одби барањето на одбраната за ново супервештачење, изработено од установа како што предвидува Законот за кривична постапка и Законот за вештачење. Негодуваше одбраната...

Продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, која при породувањето во струшката болница остана без три органи. Судот го одби барањето на одбраната за ново супер вештачење со образложение дека биле испочитувани процедурите. изработено од установа како што предвидува Законот за кривична постапка и законот за вештачење. На што негодуваше одбраната , потенцирајки дека супервештачењето било изработено од лица кои немаат лиценци.
„Според она што го имам добиено како податок од вештите лица се почитувани процедурите, дека имало откажување, дека имало прифаќање од други лица, дека тие составиле комисија зад која одговорно стојат и тврдат дека тоа што е, е направено непристрасно и професионално а суштината на вештачењето ќе биде образложена на наредното рочиште“, изјави судијата Јованов.
„Истото е изготвено согласно ЗКП и согласно законот за вештаење од Установа каде се вработени најмалку два вештаци со лиценца Тоа го предвидува законот“, вели Ермира Муса Нура обвинителка.
Родилката од Дебар, вели, конечно очекува правда бидејќи супервештачењето потврди вина кај лекарите.
„После 4 години во судница за првпат чуствувам дека правда ќе има. Судијата го прифати супервештачењето благодарение на Судска медицина и на супервештаците правдата ќе ја добијам“, изјави Веапоска.
„Она што јас веќе подолго време го очекувам, сега почнуваме со вистинското судење, изведување на доказите, распитот на вештите лица, потврдување на нивното знаење“, рече Јанев.
Судскиот процес со родилката од Дебар во кој, двајца лекари гинеколози и еден специјализант се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, започна во 2022 година. Делото застарува идната година.
Соња Рилковска
