Венко Крстевски е новиот в.д. градоначалник на Кочани
Со девет гласа „за“, осум „против“ и еден воздржан, Советот на Општина Кочани денес го избра Венко Крстевски за вршител на должност градоначалник на Кочани. Крстевски е независен советник и доаѓа на местото на Љупчо Папазов кој си даде оставка по трагедијата во Кочани и е опфатен во истрагата за настанот...

Советот на Општина Кочани бираше помеѓу двајца кандидати за в.д. градоначалник, независниот Венко Крстевски и кандидатот од редот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков. Сега не е време за политика, потребно е обединување за Кочани да ја надмине тагата и да има функционални институции, порача новоизбраниот градоначалник.
Советот на Општина Кочани брои 19 советници, седум од СДСМ, осум од ВМРО-ДПМНЕ, по еден советник има Партијата за демократски просперитет на Ромите, Левица, ЛДП и независниот Венко Крстевски.
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Кристина Атанасова – Арсова пред гласањето си поднесе оставка со образложение дека не може да поддржи ниту еден од кандидатите
Советничката група на СДСМ немаше свој кандидат, даде поддршка на независниот Крстевски
Советниците гласаа во два круга. И во двата резултатот беше идентичен, Крстевски доби 9 гласови „за“, а неговиот противкандидат Марковски доби 8 гласови „за“.
Славица Величковска
