Романија

Минибус со патници падна во Дунав по судир со друг автомобил во Романија

14.04.2025 18:19

Сообраќајна несреќа во Романија. Патниот сообраќај е целосно блокиран...

Сообраќајна несреќа во Романија. Минибус со патници паднал во реката Дунав откако претходно се судрил со автомобил на вијадукт во Иловица.

Патниот сообраќај е целосно блокиран. Сè уште нема информации колку луѓе се превезувале во минибусот во моментот на несреќата.

На местото се нуркачки тимови кои ја пребаруваат реката.